Дописници МКДОпштински вести

Општина Градско доби специјализирано возило, донација од Јапонската амбасада

Општина Градско од Јапонската амбасада доби донација, специјализирано возило - трактор  (Kubota) со додатна механизација (хидраулична предна даска за снег, расфрлувач на сол, приколка, заден утоварач скип за трактор и мулчар).

Велес, 17 февруари 2020 (МИА) – Општина Градско од Јапонската амбасада доби донација, специјализирано возило – трактор  (Kubota) со додатна механизација (хидраулична предна даска за снег, расфрлувач на сол, приколка, заден утоварач скип за трактор и мулчар).

Како што информираат од Општина Градко, вредноста на ова возило е 40.178 евра, донација од Јапонската амбасада преку Проектот за подобрување на основните јавни услуги на општина Градско на ЈКП „Клепа“ од Градско.

– Ова е прва донација за Општина Градско со која во многу  ќе се подообри работењето на ЈКП „Клепа“, а  посебно при зимски услови со снег, потенцираат од Општина Градско.

Општина Градско на барање на земјоделците од село Ногаевци деновиве го реконструира земјоделскиот пат кон обработливите површини во должина од 1.300 метри.

Како што потенцираат од Општина Градско, со реконструкција на патот во многу ќе им се олесни пристапот на жителите од село Ногаевци до нивните земјоделски обработливи површини. ад/мд/

Back to top button
Close
Close