Дописници МКДОпштински вести

Општина Гостивар ќе стипендира ученици од социјално загрозени семејства

Гостиварската локална самоуправа финансиски ќе ги поддржи учениците кои покажуваат добар успех во школувањето, но се наоѓаат во лоша социјално-економска состојба. Градоначалникот Арбен Таравари денеска најави дека отпочнала процедура за распишување на десет стипендии за ученици кои покажуваат добар успех во школувањето, а потекнуваат од сиромашни семејства.

Гостивар, 7 февруари 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа финансиски ќе ги поддржи учениците кои покажуваат добар успех во школувањето, но се наоѓаат во лоша социјално-економска состојба. Градоначалникот Арбен Таравари денеска најави дека отпочнала процедура за распишување на десет стипендии за ученици кои покажуваат добар успех во школувањето, а потекнуваат од сиромашни семејства.

– Желба ми е да следната година обезбедиме повеќе вакви стипендии, може и над 20 стипендии, затоа што сметам дека општината треба да влијае и директно да ги мотивира малдите да учат и да се образуваат. Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите општини, рече Таравари.

Вчера, општина Гостивар со парични средства ги награди петмината ученици кои ги добија признанијата по повод 23 декември Денот на општина Гостивар. Тие добија ваучери од пет илајди денари.

На овој начин, како што додаде градоначалникот, тие ќе бидат стимулирани да продолжат со нивниот ангажман во училиштата.

– Иако ова е симболична сума, сепак сакаме на некој начин да го вреднуваме нивниот труд и залагањето, а и да ги мотивираме да продолжат да учат уште повеќе, рече градоначалникот Таравари на приемот во неговиот кабинет.згм/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close