Дописници МКДОпштински вести

Општина Гевгелија распиша јавен повик за реализација на германски грант

Општина Гевгелија денеска го распиша јавниот повик за реализација на германскиот грант од развојната КФВ Банка во износ од 2,5 милиони евра,односно ја почна постапката за меѓународно конкурентно наддавање во рамки на проект од комуналната дејност.

Гевгелија, 27 мај 2021(МИА) – Општина Гевгелија денеска го распиша јавниот повик за реализација на германскиот грант од развојната КФВ Банка во износ од 2,5 милиони евра,односно ја почна постапката за меѓународно конкурентно наддавање во рамки на проект од комуналната дејност.

–Проектот вклучува рехабилитација на инсталации за водоснабдување,канализациски мрежи за прифаќање атмосферска вода и набавка на опрема за рехабилитација на водоводната линија од Гевгелија до Богородица,за изградба на водоводните линии до селата Негорци и Прдејци и изградба на атмосферска канализација на улиците ,,Јосиф Јосифовски,, ,,Ристо Фршинин,, ,,Илинденска,, ,,Никола Карев,, и ,,Серменинска,, во Гевгелија,велат од надлежната општинска служба.

Покрај ова проктот предвидува и набавка на дистрибутивни вентили за водоводната мрежа,водомери со безжични модули за далечинско отчитување на потрошената вода и инсталирање на протокомери.

Заинтересираните фирми за изведба на градежните и инженерски работи,треба да ги достават своите понуди на македонски и англиски јазик најдоцна до 14 јули на адреса на ЈПКД ,,Комуналец,, во Гевгелија. им/

Back to top button
Close
Close