Дописници МКДОпштински вести

Општина Гевгелија го одложи профункционирањето на новата депонија

Пандемијата на Ковид-19 го одложи профункционирањето на новата депонија и активностите околу ревитализација на старата дива депонија, кои уште кон крајот на февруари беа договорени со УНДП, Меѓународната организација за мигранти и консултантите, соопштија локалните власти во Гевгелија.

Гевгелија, 29 април 2020 (МИА) – Пандемијата на Ковид-19 го одложи профункционирањето на новата депонија и активностите околу ревитализација на старата дива депонија, кои уште кон крајот на февруари беа договорени со УНДП, Меѓународната организација за мигранти и консултантите, соопштија локалните власти во Гевгелија.

-Доделените 400.000 евра од владата на Грција за затворање на старата депонија како и потребната техничка документација се веќе обезбедени, а исто така обезбедени се и сите предуслови за профункционирање на новата современа депонија за комунален отпад која сепак ќе почека прво да се справиме со пандемијата на корона вирусот, велат од општината.

Ќе почека и уредувањето на локацијата на старата депонија каде проектот предвидува покривање на постојниот отпад, изградба на заштитен потпорен ѕид на Сува река и уредување на зелени површини.

До есен веројатно ќе бидат одложени и планираните обуки за вработените во новата депонија кај Ново Конско како и добивањето на интегрирана дозвола на операторот од страна на Министерството за животна средина.им/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close