Дописници МКДОпштински вести

Општина Гевгелија ги намали комуналните такси за фирмарина

Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од коронавирусот, Општина Гевгелија донесе одлука за намалување на комуналните такси за фирмарина на физичките лица и правните субјекти.

Гевгелија, 29 мај 2020 (МИА) – Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од коронавирусот, Општина Гевгелија донесе одлука за намалување на комуналните такси за фирмарина на физичките лица и правните субјекти.

Според одлуката, таксата за фирмарина на деловен објект за физички лица е намалена од 2.000 на 1.300 денари, за физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ таксата од 500 е намалена на 350 денари, а за правните субјекти фирмарината од досегашните 6.000 е намалена на 4.000 денари.

Покрај ова, Општина Гевгелија одлучи и таксата за користење на просторот за вршење дејност пред деловните простории на дневна основа, да се намали од 7 на 5 денари за метар квадратен.

– Ќе ја следиме и понатаму економската состојба и на сите можни начини ќе настојуваме да им излеземе во пресрет на гевгелиските стопанственици и ќе бидеме на располагање на сите апликанти да им помогнеме во реализацијата на мерките за кои поднеле барања, рече градоначалникот  на Општина Гевгелија, Сашо Поцков. им/фф/

Back to top button
Close
Close