0_Македонија.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштествоОпштински вести

Општина Јегуновце постави три фотолтаични системи на три училишта

Три фотоволтаични системи се поставени на три објекти во рамки на Општина Јегуновце во изминатиот период, информираат од локалната самоуправа потенцирајќи дека ја споделуваат информацијата по повод денешниот Ден на енергетската ефикасност.

Тетово, 5 март 2021 (МИА)– Три фотоволтаични системи се поставени на три објекти во рамки на Општина Јегуновце во изминатиот период, информираат од локалната самоуправа потенцирајќи дека ја споделуваат информацијата по повод денешниот Ден на енергетската ефикасност.

Поставени се фотоволтаични системи како алтернативен извор за производство на електрична енергија на три објекти во Општина Јегуновце и тоа: ОУ Александар Здравковски Јегуновце,ОУ Шемшово -Шемшово,ОУ Симче Настовски -Вратница ,имплементирано преку Министерството за финансии, а е администрирана од страна на Светска банка. Ќе продолжиме и во иднина со заеднички сили да работиме во насока на заштита на околината, реконструкција на објектите за да се заштеди електрична енергија како и користење на обновливи извори на енергија, информираше градоначалникот Дарко Блажевски.

Општина Јегуновце има 17 населени места и над 10 илјади жители.ас/лв/

Back to top button
Close
Close