Дописници МКДОпштински вести

Општина Демир Хисар утврди програма за контрола на бездомните кучиња

Општина Демир Хисар утврди програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња со која се прецизираат активностите за третитање на бездомните кучиња-скитници.

Демир Хисар, 20 февруари 2020 (МИА) – Општина Демир Хисар утврди програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња со која се прецизираат активностите за третитање на бездомните кучиња-скитници.

Од локалната самоуправа посочуваат дека за решавање на проблемот поврзан со зголеменото присуство на бездомни кучиња, за контрола на нивниот број, единствено решение е хуманиот начин на третирање на овие животни.

– Хуманиот третман подразбира згрижување и заштита на животните, но и заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните во општината. Активностите за хумано третирање на бездомните кучиња-скитници ќе опфатат заловување на кучињата, транспорт до прифатилиште, прием и преглед од доктор по ветеринарна медицина, лабараториско испитување на заразни болести согласно прописите од областа на ветеринарното законодавство, вклучувајќи испитување од болеста лајшманиоза, ветеринарно медицински третман на кучињата, постоперативно сместување и нега, вакцинација и дехелментација, обележување со микрочип, враќање на заловените кучиња на реонот на нивно заловување или вдомување на кучињата, еутаназија на кучињата согласно прописите од областа на ветеринарното здравство и едукација и подигнување на јавната свест кај населението, информираат од општината.

Според програмата, за која е обезбедена и финансиска поддршка, интензитетот на заловување и капацитетот на сместување во прифатилиште да ги исполнува условите за сместување на 10 бездомни кучиња месечно.

Општина Демир Хисар во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство одржа едукативен настан за учениците од СОУ „Крсте Петоков Мисирков“ со цел да ги запознае за потребата од секојдневнна грижа за кучињата, како да се зголеми одговорноста кон контролата на популацијата на бездомни кучиња на глобално ниво, заштита на здравјето на луѓето од болести и заштита на животната средина од загадување со отпад од животинско потекло. мт/фф/

Back to top button
Close
Close