Дописници МКДОпштински вести

Општина Делчево ги повикува граѓаните да се вклучат во спроведување на проектот за поврзување локални патишта

Општина Делчево преку механизам за жалби и поплаки активно ги повикува граѓаните да се вклучат во спроведување на проектот за поврзување локални патишта. Активноста, како што информираа од општината, се реализира како дел од активностите на Министерството за транспорт и врски преку Единицата за имплементација на проектот.

Делчево, 31 мај 2021 (МИА) – Општина Делчево преку механизам за жалби и поплаки активно ги повикува граѓаните да се вклучат во спроведување на проектот за поврзување локални патишта. Активноста, како што информираа од општината, се реализира како дел од активностите на Министерството за транспорт и врски преку Единицата за имплементација на проектот.

-Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски, согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални аспекти 10, воведе механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно. Поради ова со цел доследно спроведување на проектот за поврзување локални патишта, општината ги повикува граѓаните активно да земат учество преку двата механизми кои се достапни на општинската веб-страница, истакнаа од Општината.

За реализација на напоменатите активности како што додадоа, заинтересираните  треба да пополнат образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

-Образецот заедно со двата документи се поставрни на официјалната веб-страница на Општина Делчево и ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот, додадоа од Општината.

Како дел од проектот за поврзување локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Oпштината има аплицирано со подпроекти за реконструкција на делница од локален пат Делчево-Тработивиште со должина од 5.300 метри, реконструкција на улица „Орце Николов“ и улица „Скопска“ со должина од 750 метри, реконструкција на дел од улица „Острец“, со должина од 74 метри, улици кои се дел од Тендер 2 и за кој во најскоро време ќе започнат работите на терен. вс/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close