0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Дебар на име концесии лани добила над 3,2 милиони денари

Општина Дебар, во текот на минатата година од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општината, инкасирала 3.276.000 денари или 53.300 евра.

Дебар, 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Дебар, во текот на минатата година од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општината, инкасирала 3.276.000 денари или 53.300 евра.

Што се однесува до средствата добиени од концесии за искористување минерали, станува збор за гипсена руда, води и камен.

Најголем износ во буџетската каса се слеале од фабриката „Кнауф“ за концесија за експлоатација на гипсена руда и тоа 1.466.000 денари.

– Веднаш по „Кнауф“ по износ се „Дебарски Бањи-Цапа“ за искорисување на термоминеални води, или 9.267.000 денари.Од концесија за гипсена руда,  од фирмата „Дигипс“ во буџетот се слеани 219.000 денари, над 105 илјади денари  се од компанијата Скопски легури „Мај минг“ДОЕЛ Скопје,за добиена концесија за води. За иста концесија од компанијата „Мали Лошињ“ слеани се 424.000, додека од МД„Гари“ 136.000 денари, изјави Ќазим Ќормемети,раководител на секорот за финансии и буџет при општина Дебар.

Споредено со претходната, минатата година биле инкасирани над 600.000 денари повеќе.

– Средствата добиени по овој основ, се добредојдени,бидејќи истите се насочуваат во проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните на општината, посочува Ќормемети.

Средствата, додава тој, се добиваат преку Министерството за економија , каде се слеваат сите средства од концесиите, а потоа 78 отсто од нив се трансферираат во општинската сметка. вт/сст/

 

Back to top button
Close
Close