Дописници МКДОпштински вести

Општина Чашка ќе гради училиште во Долно Јаболчиште

Oпштина Чашка подготвува тендерска постапка за изградба на ново училиште во планинското село Долно Јабилчиште, што треба да биде распишана следната недела. Новото училиште ќе биде во вредност од околу 12,8 милиони денари, од кои 6,5 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот на Општина Чашка, а 6,3 милиони денари Општина Чашка очекува да ги обезбеди Министерството за образование и наука, како партнер-кофинансирање со заеднички настап на овој проект, информира за МИА Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.

Велес, 11 мај 2021 (МИА) – Oпштина Чашка подготвува тендерска постапка за изградба на ново училиште во планинското село Долно Јабилчиште, што треба да биде распишана следната недела. Новото училиште ќе биде во вредност од околу 12,8 милиони денари, од кои 6,5 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот на Општина Чашка, а 6,3 милиони денари Општина Чашка очекува да ги обезбеди Министерството за образование и наука, како партнер-кофинансирање со заеднички настап на овој проект, информира за МИА Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.

-Со изградбата на овој проект ќе добиеме ново училиште-деветолетка, затоа што учениците после петто одделение  на настава се уште одат во училиштето „Лирија“ во Горно Јаболчиште кое е оддалечено околу три километри, информира Стојановски.

Во постоечкото старо руинирано училиште со четири училници моментално учат стотина ученици од прво до петто одделение. Од шесто до деветто одделение, околу 50-тина ученици во моментов патуваат во училиштето „Лирија“ во селото Горно Јаболчиште.

-Деновиве се очекува да биде распише тендерот за изградба, што треба да започне со почетокот на летниот распуст, а изградбата да биде во рок од четири месеци, појасни Стојановски.

Стојановски најави дека во новото училиште во најсовремени услови за изведување на наставата ќе учат околу 150 до 160 ученици. ад/ки/

Back to top button
Close
Close