Општински вестиСкопје

Општина Чаир организираше крводарителска акција

Општина Чаир денеска организираше крводарителска акција, во соработка со Институтот за трансфузиологија и Црвениот крст-Чаир.

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Општина Чаир денеска организираше крводарителска акција, во соработка со Институтот за трансфузиологија и Црвениот крст-Чаир.

– Дарувањето крв спасува животи, затоа без двоумење Општина Чаир секогаш е дел од овие хуманитарни акции, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Во акцијата, покрај вработените беа вклучени и наставници од општинските училишта, воспитувачки во градинки, но и граѓани кои во моментот на акцијата случајно се најдоа во просториите на општината. ки/лв/

Back to top button
Close
Close