Општински вестиСкопје

Општина Центар објави јавен повик за доделување субвенции за проектот „Центар се грижи за возрасните“

Општина Центар објави Јавен повик за доделување субвенции за проектот „Центар се грижи за возрасните“, во согласност со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, со финансиска поддршка од Буџетот на Општина Центар за 2021 година.

Скопје, 4 мај 2021 (МИА) – Општина Центар објави Јавен повик за доделување субвенции за проектот „Центар се грижи за возрасните“, во согласност со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, со финансиска поддршка од Буџетот на Општина Центар за 2021 година.

-Проектот се реализира веќе петта година и има цел да овозможи подобрување на здравствената и на психолошката состојба кај возрасните лица што живеат на територијата на општината, како и обезбедување професионална помош преку ангажирање стручни лица за помош и поддршка во домашни услови, велат од Општина Центар

На објавениот Јавен повик имаат право да аплицираат лица што се на возраст над 60 години и се жители на Општина Центар. Заинтересираните лица што ги исполнуваат условите и критериумите за учество треба да пополнат апликација и да ја достават до Архивата на Општина Центар и дополнително да достават фотокопии од лична карта, потврда за примена пензија од претходниот месец и медицински документ за здравствената состојба. Проектот ќе се реализира по принципот прв дојден – прв услужен во согласност со утврдената бројка од максимум 90 корисници.

Општина Центар информира дека избраните корисници ќе имаат право да користат услуги од професионални асистенти за нега на стари лица во домашни услови, односно право на користење на услуги од социјален работник, физиотерапевт, медицинска сестра и психолог.

-Во соработка со негувателот се врши детална процена за индивидуалните потреби и здравствената состојба на лицето, а потоа се одредуваат приоритетите за избор на услуга и креирање индивидуален план за посета од стручни лица, ангажирани од Општина Центар, стои во соопштението.

Вонредни мерки што се спроведуваат на територијата на општината за помош и поддршка на старите лица, како што велат од Општина Центар се редовни теренски активности за доставување храна и лекови до домовите на лицата што се стари, изнемоштени и со влошена здравствена состојба, а се реализира во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“.

Сите заинтересирани лица можат подетално да се информираат на општинската веб-страната на Општина Центар или на телефонскиот број 076 313 383. ки/

Таг
Back to top button
Close
Close