Општински вестиСкопје

Општина Центар додели хуманитарни пакети во рамки на проектот „Стоиме заедно“

Во Општина Центар се организираше завршниот настан од националната акција „Стоиме заедно“, хуманитарен проект за донација на прехранбени производи и средства за дезинфекција за помош и поддршка на социјално загрозените семејства во Република Северна Македонија.

Скопје, 31 мај 2021 (МИА) – Во Општина Центар се организираше завршниот настан од националната акција „Стоиме заедно“, хуманитарен проект за донација на прехранбени производи и средства за дезинфекција за помош и поддршка на социјално загрозените семејства во Република Северна Македонија.

-Честитки до сите учесници и до сите инволвирани организации и општествено одговорни компании што заеднички успеавме да ја реализира најголемата национална хуманитарна акција „Стоиме заедно“ за борба против намалувањето на сиромаштијата и гладот во нашата држава. Живееме во време на глобална здравствена криза и затоа секоја помош е неопходна за најранливите категории граѓани да добијат храна, секој ден во годината. Како локална самоуправа ја продолжуваме мисијата и визијата за „Општество без глад“ и преку заеднички активности со националните здруженија, организации и институции да обезбедиме храна за сите, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Мисијата на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во Република Северна Македонија, која има цел да овозможи соодветна превенција од фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладот и сиромаштијата. Целта е и да ги инспирира, зајакне и поддржи локалните граѓански организации и граѓаните и да креира подобар пристап до здрава и безбедна храна за сите.

Во проектот се вклучени волонтери и претставници од разни здруженија и институции, кои преку патувачкиот караван посетија 20 градови во државата, а беа поделени 35.000 килограми прехранбени производи за 1.620 семејства приматели на социјална помош.

Проектот го спроведува невладината организација „Банка за храна“, а се реализира со поддршка од Европската Унија во Скопје, Цивика мобилитас и ЦБФ Македонија.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close