Општински вестиСкопје

Општина Бутел ќе субвенционира реконструкција на покрив на зграда во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски потпиша Договор за субвенционирање на реконструкција на покрив на станбена зграда на улица „Радишанска” број 25 во населбата Радишани, информираат од Општина Бутел.

Скопје, 27 јули 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски потпиша Договор за субвенционирање на реконструкција на покрив на станбена зграда на улица „Радишанска” број 25 во населбата Радишани, информираат од Општина Бутел.

– Корисник на субвенцијата е Заедницата на сопственици на станбената зграда на улица „Радишанска” број 25, кои врз основа на Јавен повик објавен од страна на Општина Бутел, го  остварија правото за финансиска поддршка во  вид на поединечна субвенција, во висина од 40 отсто од вкупниот износ потребен за реконструкција и обнова на стара и оштетена покривна конструкција, соопштија од ова скопска општина.

Инвестициите во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради за колективно домување на подрачјето на Општината, е директна инвестиција во подобрување на квалитетот на живот на жителите во Општина Бутел, велат од локалната самоуправа. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close