Општински вестиСкопје

Општина Бутел домаќин на 14. Тортијада

Околу 40 натпреварувачи од седум скопски општини денеска ќе учествуваат на 14-та Тортијада „Слатка мистерија 2020“, што ќе се одржи во ресторанот „Аликас“ во Визбегово, Општина Бутел.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Околу 40 натпреварувачи од седум скопски општини денеска ќе учествуваат на 14-та Тортијада „Слатка мистерија 2020“, што ќе се одржи во ресторанот „Аликас“ во Визбегово, Општина Бутел.

Манифестацијата се организира во соработка со Хуманитарната организација „Ангелчиња“. Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории на изработка на торти: професионалци и аматери. Ќе бидат доделени и шест награди за најубавите торти, по три во двете категории.

Во официјалниот дел на Тортијадата ќе биде одржана лицитација на сите торти. Собраните средства се наменети за хуманитарна цел, ќе му бидат доделени на дваесетгодишниот Филип Комненовски заболен од церебрална парализа.

Во ревијалниот дел, што ќе се одржи од 16:00 до 19:00 часот, ќе бидат изложени сите торти. Во детскиот ревијален дел ќе учествуваат и учениците од основните училишта во Општина Бутел. Од 18:00 до 19:00 часот учениците заедно со своите родители и наставниците ќе ги декорираат тортите што претходно дома ги испекле. Имагинацијата на сите ученици ќе биде наградена со благодарници и пригодни подароци.

На манифестацијата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски. мд/са/

Back to top button
Close
Close