0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Боговиње доби 30 таблет-компјутери за ученици кои немаат уреди за онлајн настава

Општина Боговиње соопшти дека прифатиле донација од комапнијата Еколог Интернационал - 30 таблет-компјутери за ученици кои немаат таква опрема за следење настава од далечина.

Тетово, 27 април 2020 (МИА)Општина Боговиње соопшти дека прифатиле донација од комапнијата Еколог Интернационал од 30 таблет-компјутери за ученици кои немаат таква опрема за следење настава од далечина.

-Изразуваме благодарност до раководството. Со помош на овие таблети, ученици кои немаат доволно дигитална опрема ќе можат сега да ги следат лекциите преку интернет. Таблетите имаат можност за поставување SIM картичка за да се поврзе на интернет, истакна градоначалникот Албон Џемаили.

Од Еколог Интернационал посочија проектот има за цел да им излезе во пресрет на најитните случаи на државно ниво, кои имаат потреба за дигитални уреди за онлајн наставата. Неделава се очекува да бидат поделени во повеќе градови и рурални општини. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close