Дописници МКДОпштински вести

Општина Берово реализира активности за зголемување на енергетската ефикасност

Во Берово започнаа активностите за зголемување на енергетската ефикасност во просториите на единицата на локалната самоуправа. Во моментот во тек е замена на старата и дотраена столарија во општинската зграда, која како што информираат надлежните се обновува после повеќе од 20 години.

Берово, 28 јануари 2020 (МИА) – Во Берово започнаа активностите за зголемување на енергетската ефикасност во просториите на единицата на локалната самоуправа. Во моментот во тек е замена на старата и дотраена столарија во општинската зграда, која како што информираат надлежните се обновува после повеќе од 20 години.
Активноста, како што додадоа, е дел од заложбите на Владата за справување со аерозагадувањето.
-Водејќи се од принципите за заштеда на енергија, примена на современи технологии за енергетска ефикасност, како и реализација на општинската програма за енергетска ефикасност, а следејќи ги модерните текови и адаптирајќи се на новите светски треднови, после повеќе од 20 години, општинската зграда ќе добие нова столарија. За оваа намена преку програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата на РСМ се обезбедени нешто над 1,6 милиони денари, информираа од општината.
Освен во општината енергетски ефикасна столарија ќе се поставува и во зградата на Домот на култура во Берово.
-Средствата се во износ од 1,6 милиони денари, од нив 1,1 милион денари се однесуваат за просториите на Општина Берово и 453 илјади и 270 денари се за просториите во зградата на ДК „Димитар Беровски“, дополнија надлежните.
Целта, на оваа мерка, како што истакна беровскиот градоначалникот Звонко Пекевски, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, ја спроведе Генералниот секретаријат, при Владата на РСМ.
Недодамна во општинската зграда е поставен и нов под со што општинската администрација, ја започнува со подобрени услови за работа. вс/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close