0_Спорт.ПорталОстанато

Општина Берово додели парични награди за најдобрите пингпонгари

Општина Берово додели парични награди за најдобрите пинг-понгари од Берово кои изборија пласман во Првата пингпонгарска лига. Иницијативата за доделување парична помош како што информираа од Општината се доделува на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој забележувајќи ги врвните резултати на пингпонгарскиот клуб во Берово и сметајќи дека талентите треба дополнително да бидат мотивирани, градоначалникот поднесе иницијатива до општинскиот Совет за исплата на парична награда за членови нза клубот.

Берово, 1 јуни 2021 (МИА) – Општина Берово додели парични награди за најдобрите пинг-понгари од Берово кои изборија пласман во Првата пингпонгарска лига. Иницијативата за доделување парична помош како што информираа од Општината се доделува на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој забележувајќи ги врвните резултати на пингпонгарскиот клуб во Берово и  сметајќи дека талентите треба дополнително да бидат мотивирани, градоначалникот поднесе иницијатива до општинскиот Совет за исплата на парична награда за членови нза клубот.
 
– Паричната награда е признание за спортските успеси на младите пингпонгари. Иницијативата едногласно беше прифатена од Советот на Општина Берово, кој во меѓувреме додели решенија за исплата на парични награди на четворица пингпонгари од ППК „Зегин“, информираа од Општината
Парични награди од 5 илјади денари како што додадоа од Општината добија сите членовите кои влегоа во прва лига.
– Парични награди добија Кристијан Каламадевски,  Избаела Ковачовска, Моника Стајковска и Љупчо Треновски. На играчите од ППК „Зегин“  им честитам за постигнатиот успех и им посакувам постигнување на уште поголеми успеси во иднина, додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Упати честитки и до тренерите, кои според него вложиле многу овој успех да биде реалност. вс/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close