Општински вестиСкопје

Општина Аеродром почна со делење средства за дезинфекција

Општина Аеродром денеска и во текот на утрешниот ден ќе дели дезинфекциски средства и држачи за влезовите на станбените згради, соопштија општинските власти.

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Општина Аеродром денеска и во текот на утрешниот ден ќе дели дезинфекциски средства и држачи за влезовите на станбените згради, соопштија општинските власти.

– На контакт-мејлот на Општината пристигнаа над 200 барања од заинтересирани граѓани, заедници на станари и управители на станбени згради, кои ќе бидат контактирани телефонски или електронски за денот на подигнувањето на средствата. Со дезинфекциски средства и држачи ќе бидат покриени над 500 влезови, информираат од Општината.

Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки за заштита од коронавирусот и да ги следат упатствата од Министерството за здравство. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close