0_Спорт.ПорталКошарка

Општина Аеродром организира турнир „Тројка за МЗТ“

Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на турнир во баскет насловен „Тројка за МЗТ“ на info@3x3macedonia.mk.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на турнир во баскет насловен „Тројка за МЗТ“ на info@3x3macedonia.mk.

Првиот натпревар ќе се одигра на 3 јули во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. Сите турнири ќе се одржуваат според правилата на ФИБА за игра 3 x 3 на реконструираните спортски игралишта на отворено на ниво на целата територија на Општината, каде што се поставени нови современи кошеви и современа ергономска подлога. Победниците покрај парични награди, ќе добијат и шанса да бидат дел од МЗТ (втора екипа).

– Општина Аеродром продолжува уште позасилено да ги поддржува успесите на МЗТ Скопје Аеродром. Но главната цел на овој проект, меѓу другото, е развој на спортскиот и натпреварувачки дух меѓу жителите на Аеродром, како и поттикнување на маалските дружења во летните денови, изјави градоначалникот Златко Марин.

Проектот ќе се реализира во соработка со „3×3 Macedonia“, Кошаркарската федерација на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close