Општински вестиСкопје

Општина Аеродром ќе субвенционира дел од топлиот оброк на учениците

Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука да субвенционира дел од топлиот оброк на учениците во основните училишта на нејзината територија.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука да субвенционира дел од топлиот оброк на учениците во основните училишта на нејзината територија.

Семејствата што имаат ученици во дневен престој или во целодневна настава, како што информираат општинските власти, ќе добиваат по 500 денари месечно со цел да им се намалат трошоците за исхрана на родителите.

Општината ќе спроведе јавен повик на кој ќе може да учествуваат сите родители чии деца користат топол оброк во училиштата.

Средствата за оваа намена се обезбедени во буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.бт/дма/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close