0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Опремен нов кабинет во гимназијата во Македонска Каменица

Опремен е нов кабинет во гимназијата „Миле Јаневски-Џингар" во Македонска Каменица, како дел од инвестициски проект за интерактивно следење на наставата и подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. 

Македонска Каменица, 3 февруари 2021 (МИА) – Опремен е нов кабинет во гимназијата „Миле Јаневски-Џингар” во Македонска Каменица, како дел од инвестициски проект за интерактивно следење на наставата и подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
Со средства од буџетот на училиштето, училница наменета за презентации и настава е опремена со интерактивна табла и ЛЦД-проектор, а за потребите на стручното образование со интерактивна табла е опремен и рударскиот кабинет.
Од средното општинско училиште најавија дека и во наредниот период, согласно со финансиските можности, ќе имаат слични проекти за осовременување на наставата со мултимедијани содржини. вс/хс/

Back to top button
Close
Close