Svet.SlajderСветСвет.Портал

Опозицијата во Венецуела нема да учествува на изборите

Коалицијата на политички партии во Венецула, предводена од Хуан Гуаидо најави дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, кои ќе бидат распишани од претставниците лојални на претседателот Николас Мадуро

Каракас, 3 август 2020 (МИА) – Коалицијата на политички партии во Венецула, предводена од Хуан Гуаидо најави дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, кои ќе бидат распишани од претставниците лојални на претседателот Николас Мадуро.

Коалицијата составена од 27 партии изборите, што се закажани на 6 декември, ги нарече измама.

– Заедно ќе се бориме за да ја избереме судбината на нашата земја. Сега мораме да го мобилизиаме мнозинството кое сака достоинствено да живее. Заедно ќе го победиме режимот, напиша Гуаидо вчера на Твитер.

Коалицијата ги повика Венецуелците да се обединат против диктаторот и побара меѓународна помош во кампањата против Мадуро. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close