Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Опозиција бара гласање за доверба на француската Влада, синдикатите повикуваат на протести

По одлуката на француската Влада да се повика на членот 49-3 од Уставот, кој дозволува да се донесе закон без гласање во Собранието, во случајов за спорната реформа на пензискиот систем, синдикалните организации повикуваат на протести, додека опозицијата поднесе две барања за гласања на доверба, едната од левицата, другата од десницата

Париз, 2 март 2020 (МИА) – По одлуката на француската Влада да се повика на членот 49-3 од Уставот, кој дозволува да се донесе закон без гласање во Собранието, во случајов за спорната реформа на пензискиот систем, синдикалните организации повикуваат на протести, додека опозицијата поднесе две барања за гласања на доверба, едната од левицата, другата од десницата, јави дописникот на МИА.

Во заедничко соопштение за печат, синдикатите кои се спротивставуваат на реформата, ја осудуваат постапката со која се „демонстрира неможноста на владата да одговори на сериозните и легитимни прашања од парламентарците за овој нецелосен, многу приближен проект, со повеќе непознати“.

-Тоа е нов доказ дека владата не ја прифаќа дебатата и сака насилно да го протне овој проект на малцинска социјална регресија во јавното мислење, додаваат тие.

Покрај тоа, синдикатите го повторуваат повикот за „голем ден на меѓу професионални штрајкови и демонстрации низ целата земја, закажан за во вторник, на 31 март.

Истовремено опозицијата поднесе ве барања, едното од левицата, другото од десницата за гласање на недоверба на Владата на Едуар Филип, за што ќе се расправа и гласа утре. Шансите да падне владата се неверојатни со оглед дека „Републиката во движење“ има апсолутно мнозинство во Националното собрание. тг/ссм/

Back to top button
Close
Close