0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Опожарени три автомобили во Скопје

Н.М.(30) од Гевгелија вчера додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Пожарот се случил на улицата „Орце Николов“ во Скопје. 

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Н.М.(30) од Гевгелија вчера додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Пожарот се случил на улицата „Орце Николов“ во Скопје.

Како што информира денеска МВР, од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Случајот бил пријавен во полиција синоќа, во 18:20 часот. мд/дма/

Back to top button
Close
Close