Дописници МКДОпштински вестиХроника

Опожарена викенд-куќа и помошен објект во Радовиш

Синоќа во Радовиш, во близина на реката Сушица, делумно изгореле викенд-куќа и помошен објект сопственост на В.Б.

Струмица, 21 јули 2021 (МИА) – Синоќа во Радовиш, во близина на реката Сушица, делумно изгореле викенд-куќа и помошен објект сопственост на В.Б.

Според информацијата од СВР Струмица, пожарот прв го забележил Б.К. (36) од Радовиш, кој веднаш пријавил во Полициската станица.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш. рт/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close