Дописници МКДОпштество

Опожарена тераса од стан во Кичево

Нешто после полноќ во стан на улица „4 Јули“ во Кичево избувнал пожар на тераса од колективна станбена зграда. По дојавата интервенирала Територијална противпожарна единица од Кичево и пожарот е целосно изгаснат.

Кичево, 14 мај 2021 (МИА) – Нешто после полноќ во стан на улица „4 Јули“ во Кичево избувнал пожар на тераса од колективна станбена зграда. По дојавата интервенирала Територијална противпожарна единица од Кичево и пожарот е целосно изгаснат.

-Во  0:20 часот во ОВР Кичево пријавено  е дека настанал пожар во зграда на улица „4 Јули“ при што е опожарена тераса од стан. Најпрво на пожарот  со протипожарен апарат интервенирал некој од станарите, а по нашата интервенција пожарот е целосно изгаснат. При овој пожар нема жртви, а причините и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информираат од ТППЕ Кичево. за/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close