ЕвропаЕвропа.Портал

Опасна супстанца истекла во Средоземно Море, капачите предупредени

Француските власти ги предупредија капачите да го избегнуваат крајбрежјето на Средоземното Море во близина на Марсеј поради истекување на железо-хлорид од фабрика за пластика, а надлежните служби започнаа со проценување на штетата.

Париз, 24 јули 2020 (МИА) – Француските власти ги предупредија капачите да го избегнуваат крајбрежјето на Средоземното Море во близина на Марсеј поради истекување на железо-хлорид од фабрика за пластика, а надлежните служби започнаа со проценување на штетата.

Портпарол на хемиската компанија Кем Ван потврди дека истекувањето се случило утрово од фабрика во Мартиг, индустриски град кој се наоѓа меѓу природни паркови и плажи северозападно од Марсеј.

Локалните поморски власти соопштија дека во тек е испитување на обемот на изливањето на супстанцата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close