Дописници МКДОпштински вести

ООУ „Методи Митевски-Брицо“ од Лозово вклучено во Еразмус + проект „Растеме со екраните“

Во ООУ ‘’Методи Митевски- Брицо’’ од Лозово во тек е реализација на Еразмус + проект „Растеме со екраните’’ кој се спроведува од 2019 година до јули 2022 година. Во проектот се приклучени пет училишта од Белгија, Турција, Северна Мaкедонија, Шпанија и Романија. Координатор е училиште од Варзе во близина на Брисел.

Велес, 27 јануари 2021 (МИА) – Во ООУ ‘’Методи Митевски- Брицо’’ од Лозово во тек е реализација на Еразмус + проект Растеме со екраните’’ кој се спроведува од 2019 година до јули 2022 година. Во проектот се приклучени  пет училишта од Белгија, Турција, Северна Мaкедонија, Шпанија и Романија. Координатор е училиште од  Варзе во близина на Брисел.

Како што информира за МИА, професорката по француски јазик Светлана Стојкова, координатор на проктот  основните цели кои си ги поставиле партнерите во овојпроект се: надзор на родителите во правилната употреба на екраните, стекнување одредена „дигитална“ хигиена кај децата, овозможување   на наставниците да станат ресурси за децата во нивното користење на екраните, споредба и почит на научните резултати поврзани со оваа проблематика, едукација на родителите за предностите и опасностите од екраните.
-Сензибилизација на сите инволвирани страни околу овој проблем е повеќе од потребна. Работен јазик на проектот е францускиот со што се промовираат и вредностите на франкофонијата кај младите, информира Стојкова.
Таа информира дека во очекуваните резултати е предвиден водич за родители и ученици „Растеме со екраните“ креирање веб-страница што ќе содржи совети, предлози, одговори на родителите и наставници за правилна употреба на екраните со  иновативни методи (алатки) и добри практики споделени од партнерите.
Додава дека денес телевизијата, интернетот, видео игрите, паметните телефони се составен дел на животот на децата и нивните родители. – Ако овие пронајдоци овозможија забава и информации за сите, не треба да се заборави дека постојат правила кои и за нив важат, потенцира Стојкова.
Таа потсетува дека живееме во општество во кое технологијата напредува побрзо и ние навистина не можеме да го следиме  избезуменото темпо на оваа еволуција.
Информира дека веќе се реализирани две транснационални  мобилности на наставен кадар во Белгија и Турција.
 
Поради пандемијата со корона вирусот во моментов се имплементираат само активностите на училишно ниво и се надеваме дека еден ден нашите ученици ќе патуваат во земјите кои се предвидени за посета и ќе ги сретнат своите врсници од Европа со кои само виртуелно соработуваат преку платформата Е-твиниг.
Најважната порака која ја упатуваме со овој проект е дека  децата, родителите и наставниците треба да  бидат најсилните алки во имплементација на овој проект и дека овој проект го реализираме во време кога алармот за правилна употреба на екраните е вклучен, потенцира Стојкова.
Воедно  информира дека во пресрет на новогодишните празници од страна на координаторот на проектот биле  подарени 35 таблети на ученици кои се инволвирани во проектните активности.ад/скс/

 

Back to top button
Close
Close