ЕвропаЕвропа.Портал

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на британската Влада

Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Лондон, 11 август 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се даде на шкотската премиерка можност да зборува.

Сепак, на Џонсон не му се допаднала идејата „Никола Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како него“, изјавил доверлив извор.

Мнозинство од 54 проценти од Шкотите се за отцепување на Велика Британија затоа што шкотската Влада, според граѓаните, подобро се справила кризата со коронавирусот од владата на Џонсон. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close