0_Македонија.ПорталОпштество

Онлајн вебинар за холокаустот

Одделот за образование и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје денеска официјално го започна онлајн вебинарот за холокауст-образование во соработка со Јад Вашем, најголемиот светски истражувачки, едукативен и музејски центар од Ерусалим, Израел, кој ќе трае до 25 јуни.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Одделот за образование и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје денеска официјално го започна онлајн вебинарот за холокауст-образование во соработка со Јад Вашем, најголемиот светски истражувачки, едукативен и музејски центар од Ерусалим, Израел, кој ќе трае до 25 јуни.

Под покровителство на министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми и специјалниот преставник за холокауст-образование д-р Игор Јуруков учество зедоа 45 професори и наставници од целата земја, а како поддршка на семинарот со кратки обраќања се обратија и израелскиот амбасадор Дан Оријан и в.д. амбасадорот Александар Аврамовски од македонската амбасада во Тел Авив.

– Со зборови на поддршка кон охрабрувањето за изучување на холокаустот со свој говор се обрати и директорката за интернационална соработка на Јад Вашем д-р Рахел Бад Каплан, која го истакна особено нашето партнерство како многу значајно за промоција на оваа тема во рамките на Балканот, посочија од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците.

Одделот за образование и проучување на холокаустот во рамките на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците официјално започна со работа минатата година, а веднаш потоа министерот Арбер Адеми ја потпиша и заедничката декларација со Јад Вашем за заедничка соработка и едукација на македонските професори во центарот во Ерусалим.

– Од Одделот за образование и проучување на холокаустот се обрати и г-ѓа Маја Суша, која истакна дека ова претставува дел од нивната стратегијата која започна конечно да се применува директно во рамките на државниот образовен систем и формалното образование со што голем дел од учесниците ќе имаат можност да добијат високо квалитетно образование и насоки, но и материјали и алатки за користење при наставата за холокаустот, директно од Одделот за образование и проучување на холокаустот при ИДКНА, истакнаа од Инстутутот.

Посочија дека директорот на ИДКНА, д-р Скендер Асани, во рамките на отворањето на вебинарот истакнала дека сите заложби започнале со поддршка и иницијатива на невладиниот сектор, а особено на невладината организација „АКТА НОН ВЕРБА“, која работи посветено за промоција на холокауст-образованието во рамките на државните институции на целиот Балкан и со цел институционализирање на холокауст-образованието во формалното образование. см/ац/

Back to top button
Close
Close