Дописници МКДОпштински вести

Онлајн-седница на Советот на Општина Кочани, формирани комисиите за проценка на штетите од поплавите

Советот на Општина Кочани ја одржa 42. седница на која ги усвои двете предлог-решенија за формирање комисии за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделските посеви и на станбените објекти на подрачјето на општината.

Кочани, 14 август 2020 (МИА) – Советот на Општина Кочани ја одржa 42. седница на која ги усвои двете предлог-решенија за формирање комисии за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделските посеви и на станбените објекти на подрачјето на општината.

Поради неможноста дел од членовите на Советот физички да присуствуваат на седницата, како и поради итноста од формирање комисии за проценка на штетите од неодамнешните поплави во Кочанско, седницата се одржа онлајн, преку зум-платформа.

Двете седумчлени комисии ќе почнат веднаш со увиди на оштетените земјоделски површини и во домовите, по што извештаите со проценетата материјална штета ќе ги разгледува владина комисија.

Во меѓувреме Територијалната противпожарна единица од Кочани почна со дезинфекција на поплавените домови, по пријава од жителите на најпогодените населени места, Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци. та/мч/

Back to top button
Close
Close