Општински вестиСкопје

Онлајн работа на неколку продавници и маркети во Кисела Вода за викенд полициски час

Општина Кисела Вода соопшти дека за време на продолжениот полицискиот час викендов, на нејзина територија ќе работат неколку деловни субјекти за достава на храна и лекови, кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода соопшти дека за време на продолжениот полицискиот час викендов, на нејзина територија ќе работат неколку деловни субјекти за достава на храна и лекови, кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа.

-За онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници во сабота и недела,  достапни ќе бидат следните локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти: ТИНЕКС-МТ на мејл адресата www.e-tinex.mk, ТДППУ Веропулос на броевите 075-499-782, 075-488-129, ТП Гоги на броевите 02-2763-094, 02/2779094 и меј адресата kioscigogi@yahoo.com, Ледо Компани со телефонските броеви 078-268-838, 070-866-776, Трежр на бројот 074-242-444,и мејл адресата naracki@donesi.be , соопшти Општината.

Достапни ќе бидат и маркетите Киноа Трејд на бројот 072-266-976 и мејл адресата kinoatrejd@gmail.com, Јухор Елена месарници на броевите 075-745-383, 02-5111-772 и мејл адресата mpc-obezbeduvanje@hotmail.com, гостилница Инна-Ерна на бројот 075-926-692, Турбо на броевите 075-531-941, 075-711-629 и мејл адресата dimeturbo@yahoo.com ,ТОЛЛАКС на броевите 070-220-882, 02/616-0977 и на адресата tollaks@yahoo.com.

-За онлајн работа достапни се и Друштво за трговија на големо и мало ДЕНИЕЛ Сузана и Зоран експорт импорт на телефонскиот број 02-279-1134 и мејл адресата deniel_dracevo@yahoo.com . Друштво за трговија и услуги Маркет Детелин ДООЕЛ Скопје-подружница Детелина Скопје на броевите 078-233-416, 072-316-573 и мејл адресата marketdetelina@gmail.com . Угостителски објект за исхрана ЕМ-МЕР ТП на бројто 071-566-521 и мејл адресата topolec.meriton@gmail.com , ПЕТ ЕКСПЕРТ ДООЕЛ Скопје на бројот 071-276-568 и адресата info@pet-expert.mk , Петар Транс ДООЕЛ Скопје на телефонскиот број 078-373-507, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.

Оттаму информираат дека дежурна ќе биде аптеката „Зегин”- Драчево 1, на улицата „Димитрија Чуповски“ број 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 07:30 до 15:00 часот.

Општината апелира до сите наши жители за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, со цел побрзо надминување на оваа тешка ситуација со која сите се соочуваме.бт/дма/

Back to top button
Close
Close