КултураКултура.Портал

Онлајн промоција на „Миа во Амстердам“ (Јас сум Миа #2) од Јана Мишо

Вториот дел од серијалот „Јас сум Миа“ насловен „Миа во Амстердам“ на младата авторка Јана Мишо ќе биде промовиран онлајн вечер во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Вториот дел од серијалот „Јас сум Миа“ насловен „Миа во Амстердам“ на младата авторка Јана Мишо ќе биде промовиран онлајн вечер во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“.

Изданието е пред сè наменето за тинејџерската публика и е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Миа во Амстердам“ веќе е во продажба во сите книжарници „Литература.мк“ и може да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk.

Првиот како и вториот дел од „Јас сум Миа“ е фокусиран на дилеми и ситуации со кои се соочуваат денешните тинејџери. Онлајн промоцијата ќе ја води уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Татјана Димовска Атанасова.

„Миа во Амстердам“ е четврта книга на Јана Мишо, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и првo нејзино издание за тинејџери. мч/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close