0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Онлајн конференција за зачувување, одржување и промоција на агробиодиверзитетот

Заштита на автохтоните сорти и раси, на генетските ресурси и на традициите преку здружување и поддршка на производителите, се само некои од прашањата што ќе бидат отворени на онлајн конференцијата организирана од здружението за донирање храна „Ајде Македонија“ во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Скопје, 22 септември 2020 (МИА) – Заштита на автохтоните сорти и раси, на генетските ресурси и на традициите преку здружување и поддршка на производителите, се само некои од прашањата што ќе бидат отворени на онлајн конференцијата организирана од здружението за донирање храна „Ајде Македонија“ во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Конференцијата ќе се одржува денеска, утре и задутре од 14 до 15:30 часот, а целта е подигнување на јавната свест за значењето на агробиодиверзитетот и автохтоните сорти како наше културно богатство.

Предвидено е во дискусијата да се вклучат сите засегнати страни кои придонесуваат во вреднувањето на биодиверзитетот и да се постават трасите за нивната натамошна соработка.

Организаторите најавуваат учество на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Земјоделскиот факултет во Штип, како и на претставници од Ген банката на Земјоделскиот институт во Скопје.  Посебен ден е планиран за невладиниот сектор.

Онлајн конференцијата е финансирана од Мировниот корпус и УСАИД. мч/сп/

Back to top button
Close
Close