0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

Онлајн-изложба на дела од Јадран Манчев организира КСП Подиум-Јадро

„Контраст и време“ е насловена изложбата – избор на фотографии од Јадран Манчев, која денеска ќе биде организирана онлајн од КСП Подиум-Јадро. Делата се изработени во последните 10-тина години, без континуитет и однапред одреден план.

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – „Контраст и време“ е насловена изложбата – избор на фотографии од Јадран Манчев, која денеска ќе биде организирана онлајн од КСП Подиум-Јадро. Делата се изработени во последните 10-тина години, без континуитет и однапред одреден план.

-Главниот мотив или концепт се контрастот како фундаметален принцип во композицијата во дизајнот, сликарството, фотографијата, музикита и времето без коешто цртањето со светлина или фотографијата не може да се замисли, со чија помош се манипулираат и менуваат фотографиите и времето како четврта димензија во пејзажот. Контраст и време е апстрактен обид, наведува организаторот.

Јадран Манчев (1974, Кавадарци) работи како мултимедијален дизајнер: илустрација, фотографија, видео… Со фотографија поинтензивно се занимава од 2004 година, во тоа време исклучиво на филм, а во последните неколку години работи дигитална фотографија. Од 2008 до 2018 има самостојни и учествувал во повеќе групни изложби и настани.

Виртуелната иложба е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура.хс/са/

 

 

 

Back to top button
Close
Close