Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Онлајн-изложба „Еклектични изохипси“ во Тетово

Во Уметничка галерија Тетово од денеска е поставена изложбата „Еклектични изохипси“ на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.  Поради пандемијата, ќе нема официјално отворање на изложбата, а заинтересираните ќе може да ги видат изложените дела на фејсбук-страницата на Галеријата, но и со посета согласно со протоколите за заштита од коронавирусот.

Тетово, 13 април 2021 (МИА) – Во Уметничка галерија Тетово од денеска е поставена изложбата „Еклектични изохипси“ на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.  Поради пандемијата, ќе нема официјално отворање на изложбата, а заинтересираните ќе може да ги видат изложените дела на фејсбук-страницата на Галеријата, но и со посета согласно со протоколите за заштита од коронавирусот.

-Овој концепт го карактеризира чувство за простор, внатрешен и надворешен, врзан со архитектурата, монументалноста, чувството за детали и потребата од естетско и стилско обликување. Склопен е во дводимензионални слики од тридимензионални објекти и простор, видени од птичја перспектива. Техника е „колажирање“ на простор и објекти со цел да се добие дводимензионална слика, која, пак, вратена во просторот, паралелно му даваат карактер и стил и го издигнува погледот на нештата од горе, пишува Александра Иванова  за делата на двете авторки во рецензијата за изложбата.

Катерина Деспот  (Прилеп, 1977) завршила Индустриски дизајн на Националната ликовна академија во Софија, а Васка Сандева (Кочани, 1982) во Софија завршила Пејжазна архитектура и докторирала на Шумарско-технички универзитет. ас/хс/

Back to top button
Close
Close