0_Web_АктуелноКултураКултура.Портал

Онлајн-дискусија за искуствата на уметниците во услови на пандемија

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ вечер од 20 часот ќе организира онлајн-дискусија на тема: „Обична криза, системска криза и иднината на знаењето во контекст на КОВИД-19 пандемијата и нејзините последици” како дел од програмата на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ вечер од 20 часот ќе организира онлајн-дискусија на тема: „Обична криза, системска криза и иднината на знаењето во контекст на КОВИД-19 пандемијата и нејзините последици” како дел од програмата на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”.

Дискусијата е обид да се истражат искуствата во периодот на криза, особено кај уметниците, изведувачите, кореографите, танчарите, кураторите и какви критички форми на знаење, стратегии и политики на курирање овие искуства може да генерираат.

– Какви типови на инволвираност се рефигурираат помеѓу новите медиуми, социјалните медиуми, онлајн-платформите, онлајн-комуникација и настава, од една страна, и димензијата на телесна интеракција, лице в лице во живо, како конститут на изведбените пракси и уметност, од друга страна, наведува „Локомотива“ во најавата за дискусијата.

Учесници ќе бидат Рок Вевар и Јасмина Заложник од Словенија, Јасна Јасна Жмак од Хрватска,  Маријана Цветковиќ од Србија, а модератори – Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо
Димитров.

Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик и ќе може да се следи во живо на фејсбук-страницата на
Меѓународната летна школа „Курирање во контекст”, која се реализира од 25 август до 15 септември. хс/цр

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close