Svet.SlajderСветСвет.Портал

ОН: Зголемена несигурноста во обезбедување храна во четири држави во светот

Во четири држави - Демократска Република Конго, Јемен, Нигерија и Јужен Судан - расте несигурноста во обезбедување храна, што ги става во опасност животите на милиони. Предупредувањето го објави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи Марк Лоукок во документот предаден на 15-те членки на Советот за безбедност на ОН.

Њујорк, 5 септември 2020 (МИА) – Во четири држави – Демократска Република Конго, Јемен, Нигерија и Јужен Судан – расте несигурноста во обезбедување храна, што ги става во опасност животите на милиони. Предупредувањето го објави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи Марк Лоукок во документот предаден на 15-те членки на Советот за безбедност на ОН.

„Несигурноста во обезбедувањето храна предизвикана од конфликти е влошена од природни катастрофи, економски превирања и здравствени кризи, сите засилени и од пандемијата на коронавирусот. Заедно, тие фактори се ризик за животот на милиони жени, мажи и деца” се вели во документот.

Постојат хуманитарни програми во четирите земји, но во повеќето случаи тие беа суспендирани или намалени поради недостиг на финансиска поддршка од меѓународната заедница. Советот за безбедност на ОН е повикан да ги засили напорите за постигнување мир во тие држави, да обезбеди дека таму се почитува меѓународното хуманитарно право и да се зголеми финансиската поддршка за хуманитарните операции.

Исто така, се забележува влошување на несигурноста во обезбедување храна во Сомалија, Буркина Фасо и Авганистан, според документот на Марк Лоукок до Советот за безбедност на ОН. зш/

Back to top button
Close
Close