Svet.SlajderСветСвет.Портал

ОН усвои резолуција за хуманитарна помош за Сирија

Советот за безбедност на ОН синоќа од петти обид усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден граничен премин со Турција.

Њујорк, 12 јули 2020 (МИА) – Советот за безбедност на ОН синоќа од петти обид усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден граничен премин со Турција.

За резолуцијата гласаа 12 членки на СБ на ОН, а Русија, Кина и Доминиканската Република беа воздржани.

Со оваа одлука се стави крај на неколкудневните несогласувања меѓу Русија и Кина, од една страна, а другите 13 членки од друга страна, кои двапати гласаа да ги задржат двата премини од Турција, кои досега служеа за хуманитарна помош.

И двата пати, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата.

Германија и Белгија, кои предложија резолуција со два гранични премини, беа принудени да се повлечат откако Русија се закани дека повторно ќе стави вето, а најновиот нацрт на Русија предвидуваше отворање на само еден премин од Турција во наредната година.

Помошта беше одобрена еден ден откако истече дозволата за шестгодишната хуманитарна операција за Сиријците во северозападниот дел на земјата, последното упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close