Svet.SlajderСветСвет.Портал

ОН соопшти дека здравствени работници во Авганистан се цел на намерни напади

ОН објавија посебен извештај во кој се изразува загриженост за „намерните напади“ од неодамна врз здравствени работници и институции во Авганистан за време на пандемијата на коронавирусот.

Њујорк, 22 јуни 2020 (МИА) –  ОН објавија посебен извештај во кој се изразува загриженост за „намерните напади“ од неодамна врз здравствени работници и институции во Авганистан за време на пандемијата на коронавирусот.

Мисијата на ОН за помош во Авганистан соопшти дека регистрирала 12 случаи на намерно насилство врз медицински лица меѓу 11 и 23 мај и дека нападите биле воени злосторства.

Во извештајот се вели дека осум од нападите биле извршени од талибанците, а три се дело на авганистанските безбедносни сили.

Најсилен напад бил извршен минатиот месец врз породилиште во Кабул при што загинаа 24 лица, и засега нема резултати од истрага.

САД соопштија дека таквите напади се типични за авганистанскиот огранок на ИД што се бори и против талибанците и владата во Кабул.

„Во време кога е потребен итен хуманитарен одговор за да се заштити секој човечки живот во Авганистан, и талибанците и авганистанските безбедносни сили извршиле намерни акти на насилство што имаат негативно влијание врз здравствените активности. Нема оправдување за таквите дејствија, безбедноста и благосостојбата на цивилното население мора да бидат приоритет “, наведе Дебора Лионс, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан и шеф на мисијата на ОН за помош во Авганистан. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close