Svet.SlajderСветСвет.Портал

ОН предлага редуциран собир на Генералното собрание наесен

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предлага годинашниот годишен собир на светски лидери кон крајот на септември драстично да се намали, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус.

Њујорк, 19 мај 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предлага годинашниот годишен собир на светски лидери кон крајот на септември драстично да се намали, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус.

Тој посочи шефовите на влади и држави да одржат говори однапред подготвени и да има само еден дипломат со седиште во Њујорк од секоја од 193-те земји членки на ОН во салата на Генералното собрание.

Собир на светските лидери во Њујорк обично собира илјадници луѓе повеќе од една недела за време на кои се одржуваат говори, приеми, билатерални состаноци…

Оваа година, особено голем број светски лидери се очекуваа да дојдат во седиштето на ОН за да ја прослават 75-годишнината на светската организација. зш/

Back to top button
Close
Close