СветСвет.Портал

ОН ги обвинува венецуелските власти за злосторства против човештвото

Истражителите на Обединетите нации денеска соопштија дека владата на Венецуела извршила „нечуено насилство“ правејќи злосторства против човештвото.

Каракас, 16 септември 2020 (МИА) – Истражителите на Обединетите нации денеска соопштија дека владата на Венецуела извршила „нечуено насилство“ правејќи злосторства против човештвото.

Тие во извештај наведоа дека во таа земја биле извршени бројни случаи на убиства, тортура, насилство и исчезнувања, пренесува Би-Би-Си.

Тимот на ОН тврди дека во сето тоа учествувале претседателот Николас Мадуро и други високи функционери.

Амбасадорот на Венецуела во ОН, Хорхе Валеро, ја опиша мисијата на ОН како „непријателска иницијатива“, а минатата година тврдеше дека потезите на ОН се дел од кампањата на САД против Венецуела.

Во извештајот, тимот на ОН тврди дека безбедносните служби на Венецуела се вклучени во систематско насилство врз населението од 2014 година, со цел да се потисне опозицијата, и дека Мадуро и министрите за внатрешни работи и одбрана се свесни за тие злосторства. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close