Дописници СветПолитика

ОМД испрати писмо до Париз по повод бугарскиот меморандум

Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на нашите иселеници во САД, и претставници на македонска дијаспора во Франција, испратија писмо до француската Влада и Парламент по повод бугарскиот меморандум во кој се бара блокирање на влезот на Македонија во Европската Унија, соопшти денеска ОМД. 

Вашингтон, 25 септември 2020 (МИА) – Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на нашите иселеници во САД, и претставници на македонска дијаспора во Франција, испратија писмо до француската Влада и Парламент по повод бугарскиот меморандум во кој се бара блокирање на влезот на Македонија во Европската Унија, соопшти денеска ОМД.

– Апелираме за ваше културно почитување на човековите права, да не се дозволи една земја-членка на ЕУ да презира и понижува друга земја која се стреми кон европските интеграции, се вели во писмото.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, од ОМД наведуваат дека „Франција е блиско поврзана со македонската култура, и нејзина должност е да посегне по своите архивни фондови во От Савоа (Haute-Savoie), што поседуват голем број рецензии и весници што датираат од 20-тите години на минатиот век“.

– Кај нас неодамна беше одбележана стогодишнина од Источниот фронт, предизвикан од нацистичкиот угнетувач, а во одбрана на слободата. Тоа ќе остане врежано во нашите спомени, исто како и имињата на безброј загинати француски војници од француските колонии, се наведува во писмото.

Во него се додава дека „низ историјата, нашите предци служеле во разни армии: Србите заедно со Французите, Бугарите и Османлиите како јаничари. Дел од Евреите биле депортирани во Централна и Источна Европа. Други сираци и лица без државјанство за време на грчката комунистичка револуција беа расфрлани низ земјите членки на Варшавскиот пакт“.

– Да се дозволи земја членка да кажува такви невистини за земја кандидат не е достојно за Европа. Како се гради ЕУ? Врз основа на митови? Негирањето на културата, јазикот, поезијата, театарот, името, историјата на една земја не треба да се толерира. Треба ли да потсетиме за извештаите на францускиот новинар Албер Лондре за комитите? Или за дописите на преживеаната авантура на американката, г-ѓа Хелен Стоун. Неодамнешните историски барања, бранот на бугаризација на малцинствата кои зборуваат турски и монетизацијата на бугарското државјанство (што бугарските власти) го наметнуваат врз голем број Македонци нѐ оставаат без зборови. Иселениците, француски, германски, американски и останати државјани со македонско потекло, повикуваат на француска арбитража и медијација, за да се „стави крај на сите уцени од страна на бугарските политички елити. Ветото во пристапниот процес за различни погледи на историјата не е достојно за една земја-членка на ЕУ, посочуваат од ОМД во писмото.  кб/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close