0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Олумчев: Мерките за заштита од Ковид-19 неопходни до потврдување на колективен имунитет

Раководителот на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Сашко Олумчев смета дека почетокот на вакцинирањето против Ковид-19, кое стартуваше вчера, ќе го забрза процесот на создавање колективен имунитет, доколку постигнеме да вакцинираме најмалку од 300 до 400.000 граѓани.  

Гевгелија, 18 февруари 2021(МИА) – Раководителот на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Сашко Олумчев смета дека почетокот на вакцинирањето против Ковид-19, кое стартуваше вчера, ќе го забрза процесот на создавање колективен имунитет, доколку постигнеме да вакцинираме најмалку од 300 до 400.000 граѓани.

-Ова го велам од причина што различни серолошки студии сугерираат дека бројот на заразени пациенти е четири до шест пати поголем од бројот на регистрирани случаи. Според тоаако во моментот бројот на регистрирани во земјава е близу 98.000 и тој број се помножи со 4 или 5, тогаш реално на почетокот на месец март би имале околу половина милион граѓани кои на некој начин, со или без симптоми, веќе ја прележале болеста, рече Олумчев.

Сепак додаде оти ова е само негово размислување и како што рече, сè уште е рано да се зборува, имајќи ја во предвид појавата на разните мутации на вирусот во нашата земја.

Тој упати апел до граѓаните дисциплинирано да ги применуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои остануваат во сила, се до моментот кога со скрининг ќе биде потврден колективниот имунитет.им/бт/ 

Таг
Back to top button
Close
Close