Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Оливие Варан: “За осум, 10 или 12 дена, ќе видиме дали се намалува бројот на заболените од коронавирусот

Францускиот министер за здравство Оливие Веран оцени дека граѓаните ја разбрале сериозната состојба во која се наоѓа нивната земја, ова при првиот ден од целосната забрана за непотребно движење, што очигледно се почитува, јави дописникот на МИА.

Париз, 18 март 2020 (МИА) -Францускиот министер за здравство Оливие Веран оцени дека граѓаните ја разбрале сериозната состојба во која се наоѓа нивната земја, ова при првиот ден од целосната забрана за непотребно движење, што очигледно се почитува, јави дописникот на МИА.

-Мислам дека Французите ја разбраа сериозната состојба во нашата земја, рече министерот за здравство Оливие Веран, уверувајќи дека „секое болно лице (од коронавирусот,) ќе се лекува“. „Имаме за цел да бидеме во контакт со максимум пет лица на ден. (…) За осум, 10 или 12 дена, ќе може да забележиме дали се намалува бројот на заболените“, додаде тој.

Пазарите „каде гледаме турканици и има многу тезги ќе бидат затворени“, најави притоа министерот за здравство. Според него единствено пазарите на кои се продава храна ќе можат да продолжат со работа. тг/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close