0_Спорт.ПорталОстанато

Олимпискиот шампион Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг

Норвешкиот скијач Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.

Осло, 19 јуни 2021 (МИА) – Норвешкиот скијач Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.

– Претпоставувам дека ова ќе биде моја последна сезона. Дефинитивно не сакам да бидам рангиран на 15. место. Мојата мотивација е олимписката сезона, рече Јансруд.

Триесет и петгодишниот Норвежанец е олимписки шампион од Сочи 2014 во супервелеслалом. Има и две сребрени и две бронзени медали на Олимписките игри.

На Светското првенство во 2019 година во Аре, тој го освои златниот медал во спуст. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close