0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Олимпијакос го елиминира Арсенал од ЛЕ

Вкупниот резултат од двата дуели е 2:2, но поради двата погодоци што ги реализира грчкиот тим во Северен Лондон, екипата од Атина продолжува во следната фаза од турнирот.

Лондон, 27 февруари 2020 (МИА) – Арсенал им приреди големо разочарување на своите навивачи, откако доживеа пораз со 1:2 од Олимпијакос на домашен терен и со тоа се простија од овогодишното издание на Лигата на Европа уште во 1/16-финалето.

Вкупниот резултат од двата дуели е 2:2, но поради двата погодоци што ги реализира грчкиот тим во Северен Лондон, екипата од Атина продолжува во следната фаза од турнирот.

Гостите го елиминираа заостанувањето во второто полувреме со голот на Папе Сисе во 53-тата минута и иако домашните изедначија во продолжението во 113-тата минута преку Обамејанг, голот на Ел Араби во 119-тата минута го испрати составот од Балканот во следната фаза.

Таг
Back to top button
Close
Close