0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Олимпијакос го доби дербито со ПАО во Евролигата

„Црвено-белите“ ја забележаа својата 12-та победа во кампањата и се изедначија на осмата позиција во пласманот со Жалгирис во борбата за четвртфиналето.

Атина, 4 март 2020 (МИА) – Олимпијакос го доби дербито против Панатинаикос со 81:78 (45:39) во дуел од 27-то коло од кошаркаската Евролигата.

„Црвено-белите“ ја забележаа својата 12-та победа во кампањата и се изедначија на осмата позиција во пласманот со Жалгирис во борбата за четвртфиналето.

Гостите започнаа подобро и поведоа со 35:30, но дозволија пресврт во последните три и пол минути и на паузата резултатот беше 39:45.

Олимпијакос одржуваше неколку поени предност до средината на последната четвртина кога Панатинаикос израмни на 67:67.

Домаќините сепак покажаа поцврсти нерви на крајот, а Дешон Томас промаши шут за изедначување со неточен шут од далечина во последниот напад на гостите.

Шакил МекКисик беше најдобар за домаќините со 22 поени и Ник Калатес беше лидер за ПАО со 18 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Резултати од Евролигата:

Олимпијакос (Грција) – Панатинаикос (Грција) – 81:78
ЦСКА Москва (Русија) – Зенит Санкт Петербург (Русија) – 86:78
Жалгирис Каунас (Литванија) – Химки (Русија) – 96:85
Армани Милано (Италија) – Реал Мадрид (Шпанија) – 73:78
АСВЕЛ Лион (Франција) – Валенсија (Шпанија) – 72:65

подоцна денес:
Фенербахче (Турција) – Црвена звезда (Србија)
АЛБА Берлин (Германија) – Барселона (Шпанија)
Макаби Тел Авив (Израел) – Анадолу Ефес (Турција)
Баерн Минхен (Германија) – Баскија (Шпанија)

Анадолу Ефес води во пласман со скор од 23 победи / 3 порази, по што следат Реал Мадрид со 21/6, Барселона со 20/6, Макаби Тел Авив со 18/8, ЦСКА Москва со 18/9, Панатинаикос со 14/13, Фенербахче со 12/14, Жалгирис со 12/15 итн.

Таг
Back to top button
Close
Close