Дописници МКДОпштински вести

Олабавувањето на мерките ги врати странците на градскиот пазар во погранично Делчево

Олабавувањето на мерките ги врати странците на градскиот пазар во погранично Делчево. Пред вирусот најбројни беа посетителите од соседна Бугарија, кои и денеска можеа да се забележат, заедно со нивни пријатели од Португалија. Заеднички се сложија дека пазарот изобилува со квалитетни производи кои ги оценија со висока оценка.

Делчево, 22 мај 2021 (МИА) – Олабавувањето на мерките ги врати странците на градскиот пазар во погранично Делчево. Пред вирусот најбројни беа посетителите од соседна Бугарија, кои и денеска можеа да се забележат, заедно со нивни пријатели од Португалија. Заеднички се сложија дека пазарот изобилува со квалитетни производи кои ги оценија со висока оценка.

-Дојдовме на пазарот во Делчево бидејќи знаеме дека овде имате квалитетни производи. Знаејќи го тој податок ќе си купиме производи за цела недела, истакнаа странските посетители.

Самите пазарџии со нетрпение го очекуваат моментот кога на пазарот целосно ќе се вратат гостите од соседството.

-Во времето пред пандемијата и самите знаете дека доаѓаа во огромен број, пазаруваа се што ќе им се допаднеше и имаше убава глетка секоја сабота. Да се надеваме дека многу скоро таа глетка ќе се врати и дека градот во сабота повторно ќе биде во оној негов препознатлив сјај, истакнаа дел од пазарџиите.

И овој саботен пазарен ден во Делчево тие го окарактеризираа како слаб во однос на потрошувачката, која, како што додадоа, по празниците е намалена. вс/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close